Брачен пар од Скопје со привремено живеалиште во Лион, Франција го загубиле животот во сообраќајна несреќа на автопат во Италија, додека нивното шестмесечно бебе кое во моментот на сударот било на задното седиште останало живо.

Страшната сообраќајна несреќа се случила во три часот по полноќ, на автопатот Пјаченца – Торино, во областа Павија, Италија, каде парот бил на летување, пишува италијански Месаџеро.

Според првичната истрага, 24 годишниот возач Ебубекир Сулејмани е можен причинител на трагедијата како резултат на тоа што заспал зад воланот. Голфот во кој тие патувале бил смачкан под приколката на камион кој бил паркиран во зона за одмарање.

Повредите биле премногу сериозни, јавуваат италијанските медиуми. Од друга страна, бебето кое било врзано во своето седиште во автомобилот кој речиси е целосно уништен практично е неповредено. Исплашено и во плач со хеликоптер било пренесено во болницата Нигуарда во Милано.