Гласачкото ливче за престојните претседателски избори, освен кандидатите и знамето на државата нема да содржи ништо друго, рече за ПресингТВ претседателот на ДИК, Оливер Дерковси, додевајќи дека тоа не е ништо спорно, бидејќи гласачкото ливче ќе биде како и на последните избори за претседател во 2014.

Во однос на изборните материјали, Дерковски рече дека ДИК ќе го користат новото уставно име онаму каде што е неопходно, како обрасци, изјави, но додаде дека во изборните материјали многу ретко се споменува името на државата.