За денеска во 13 часот е закажана  седница за разрешување на Специјалната обвинителка, Катица Јанева, осомничена за вмешаност во случајот „Рекет“.

Утре пак и онака истекува нејзиниот мандат, предвиден со законот за СЈО. За таа да биде разрешена потребни се 80 гласови кои најверојатно ќе бидат обезбедени.

Вчера премиерот Заев најави дека нивната пратеничка група ќе подржи разрешување на Јанева но не за незаконско туку за несовено и за нестручно работење.