ВМРО ДПМНЕ ќе коалицира со партијата чија програма ѝ е блиска, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата 360 степени на телевизијата „Алсат“. Тој рече дека наместо принципот на коалиција за власт, победник со победник тој би преферирал принципот програма со програма.

Мислам дека треба да се фокусираме повеќе на принципот програма со програма, тоа е иднината на политичката сцена, не можеме ние победник професија да ни биде. Или имаме заедничка програма и таа програма ќе ја реализираме или ние немаме практично никаков бенефит за нашите гласачи ако победникот со победникот не можат да се договорат со програмските начела , тогаш нема да може да се реализираат ветувањата, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи независно како се вика партијата дали тоа е Алијанса за Албанците, ДУИ, БЕСА, ДПА, во преговорите ја формира програмата ќе коалицира со нив доколку не ќе се бара друг партнер да се дојде до 61, но убеден е дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на следните предвремени парламентарни избори ќе има победа од најмалку 61 пратеник.