Додека во Собранието денеска ќе се расправа за уставните измени, пред Законодавниот дом ќе се случува протест во организација на „Македонија блокира“. Насобраните вчера побараа веднаш да запре смената на Уставот а со тоа и на името Република Македонија и дека единствен спас е одржување на избори и смена на актуелната власт.

На протестот вчера најави дека ќе говори и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.