Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19 истекуваат утре, а се очекува денеска Комисијата за заразни болести да ја анализира епидемиолошката состојба по што ќе биде одлучено дали ќе има нови мерки за време на претстојните велигденски празници.

Во случај на потврдување на трендот на опаѓањe на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица, како што беше најавено минатата недела, Кризниот штаб ќе разгледа опција за отворање на угостителските објекти за посетители во отворениот дел од објектот, односно на летни тераси, градини. Во период од 27 април до 15 мај 2021 година, забраната за движење наместо од 20 да биде од 21 часот до 05 часот наредниот ден, да се дозволи организирање спортски тренинзи од страна на фитнес центри/клубови на отворен простор, наместо во затворена спортска вежбална/сала, како и други мерки во зависност од епидемиолошките текови и состојби во државата.

Од Кризниот штаб минатата недела наведоа дека предлог-мерки на Комисијата за заразни болести ќе се разгледуваат исклучиво доколку се задржат трендовите на опаѓање на бројките на новозараени и хоспитализирани лица, за што клучно е почитувањето на личните мерки за заштита од КОВИД-19 и активните протоколи за функционирање во услови на КОВИД-19