Македонија е жива и повеќе од тоа, народот врие и побара слобода за уставобранителите на денешниот протест пред Владата и Собранието на Македонија.

Излезе народ на улица. Преку глава им е на луѓето од неправди, од мафија, од криминал, од неспособност. Слобода за устовобранителите!, изјави Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Тој се заблагодари на сите кои присустуваа на денешниот протест.

Ќе се бориме заедно за исправање на неправдите и одговорност без оглед за кого се работи. Честитки за сите кои присуствуваа, но и за оние кои со своите срца се за истите цели. Да живее Македонија!, изјави Мицкоски.