Демократската партија на Србите во Македонија  повикува масовно да се излезе на гласење во вторит круг на претседателски избори и да се гласа за кандидатот за претседател Гордана Сиљановска Давкова.

Во клучни моменти од историјата на македонскиот народ, па и овие денешниве, Србите секогаш биле искрени сојузници со македонскиот народ и во сите области од општествениот живот допринесувале за прогресот на нашета заедничка држава и општество, на тоа сојузништво, разбирање и солидарност, се разбира двострано, македонскиот народ може да смета и денес“, се вели во објавата на фејсбук претседателот на ДПС, Иван Стоилковиќ. 

Тој понатаму додава:

Најниското историско ниското ниво на билатерални односи со Србија како резултат на антисрпскиот пристап во регионалната политика, односно отворената и крајно непријателската политика на режимот на Зоран Заев кон Србија и српскиот народ, влошувањето на и онака не баш добрата положба на Србите во Република Македонија, сериозните економски проблеми во државата, не водењето сметка за соодветен развој на средините во кои живее српското население, недостатокот на правна држава која продуцира безредие и хаос во државата, непотизмот, корупцијата и криминалот кои станаа дел од секојдневното живеење напросто не обврзуваат во вториот круг на претседателските избори да излеземе на гласање и да го дадеме нашиот глас на кандидатот за претседател Гордана Сиљановска Давкова, и на тој начин не само што на најсериозен начин ќе ја делегитимираме Владата на Зоран Заев и неговиот двојник Стече Пендаровски и сите нивни политики туку и ќе ставиме крај и на сето онаа што во изминатиот период многу често беше надвор од уставот и законите“.