Министрите за надворешни работи на земјите-члнеки на Европската унија денес во рамки на Советот за општи работи во Луксембург ќе разговара за перспективите на Албанија и на Македонја, при што како што брифираат европски извори, се очекува одлуката за старт на преговори да се пролонгира за септември или за октомври. Но, и оваа најава е со додавката „најверојатно“, затоа што расположението во ЕУ во однос на проширувањето не е на високо ниво. Ова особено се однесува за Франција, но и за Германија, земја на кој и треба повеќе време за да го соџвака извештајот за напредокот изготвен од Европската комисија. Што се однесува, пак, до Германија, од таму не се исклучува ни можноста Македонија да се издвои од Албанија и да се разгледува одвоено, што значи дека шансите за почеток на преговорите и се значително зголемни заради лошата политичка состојба во Албанија.

Според „Политико“, европско издание, дури е можно Албанија да заостане во процесот, а датумот да го добие Северна Македонија, со дополнително објаснување дека во германскиот Бундестаг ќе се анализира секоја точка и запирка во Извештајот за Македонија, па затоа не може ништо со сигурност да се каже. Во однос на Албанја, работите се многу појасни, зашто критики дојдоа и тоа жестоки.

„Политико“ објави дека разговорите во Луксембург еден дипломат ги опишал како „нервозни“ со што јасно се отсликува расположението во „ЕУ за еден мал дел од континентот“.

„За тоа за колку чувствително прашање станува збор, Франција и Германија дури предложиле фразата „Советот ја поздравува“ препораката на Комисијата за почеток на преговори за членство да се сведе на многу понеутралната „Советот ја зема предвид“ во нацрт-текстот, пишува „Политико“ повикувајќи се на дипломат кој бил во собата каде се водат разговорите.