Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на првата одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба во државата која беше донесена на 18 март.
Уставните судии денеска оценија дека иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на одлуката е беспредметна затоа што таа веќе не е во сила, а вонредната состојба на која се однсуваше е завршена.
Претседателот Пендаровски на 16 април донесе нова одлука за продолжување на вонредната состојба за уште 30 дена.И за оваа одлука е поднесена иницијатива за оценка на уставноста и законитоста пред Уставниот суд.
Comments are closed for this post.