По интервјуата на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, стана јасно дека на власта и се брза за избори. Наспроти лажната самоумереност што се обиде да ја манифестира, очигледно е дека Заев сака избори бидејќи работите не одат во неговата корист, како политички така и економски.

На врат му дише нова афера поврзана со вистинските причини за оставката на директорот на Фондот за здравство Ден Дончев, како и ветените а неостварени проекти. Заев се плаши и од пост корона економско цунами предизвикано од лошите економски политики и дупката во буџетот. Ете затоа Заев сака избори, бидејки иако поразот несомнено ќе дојде, штетите, односно разликата ќе биде помала а со тоа може да ја зголеми цената за идно пазарење при составувањето на идната влада.

Дека засега услови за избори нема јасни се оние кои се најповикани за тоа, лекарите. Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети кој нагласува дека не се можни избори без сериозна здравствена проценка.

Без предрасуди за тоа дали ќе имаме избори или не, кога ние ќе имаме под 10 случаи дневно и тоа за две недели, можеме да речеме дека сме на правиот пат. Прво треба да почнеме со  олабавување на мерките. Изборите се друго прашање, станува збор за јавен проблем-нагласува Мемети.

На сличен став е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој нема дилеми дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие избори со двоцифрена разлика во пратеници кога и да се случат, но оти сега приоритет треба да биде здравјето на граѓаните.

Но она што мене ме загрижува во моментот е тоа што ние сме сега во пандемија која што на дневна основа брои луѓе кои се заразени од таа пандемија, луѓе кои што го губат својот живот и ако вие направите една едноставна анкета како телевизија и ги прашате дали сакате вие избори како што вели СДСМ или понатаму, најголемиот дел од луѓето, а тој број е 70 проценти ќе ви кажат дека изборите треба да се одржат понатаму, вели Мицкоски.