По онлај самитот на ЕУ и заклучоците кои се донесени во вид на Декларација, станува јасно дека наместо да се придвижува, европската интегграција на Македонија уште повеќе се усложнува. Не само што нема датум, туку Македонија доби нов услов.Сега Бугарија е новата Грција, која бара да се откажеме од македонскиот јазик и од Гоце Делчев. Ако ова го исполниме ќе ни дозволат да ги почнеме преговорите. Со ова падна уште една голема лага на СДСМ дека сме добиле датум и оти Бугарија нема да биде пречка.

Во Декларацијата нема ни збор  за проширувањето на Унијата, односно проширувањето не е спомнато ниту како термин. Нема никаков датум за Македонија, нема преговарачка рамка ниту пак најава за првата меѓувладина конференција, како што периодов по откривањето на најавата за вето од Бугарија се обидуваа да ја дефокусираат јавноста владини и претставници на СДСМ.

Она што се забележува во декларацијата, од друга страна, е користење на речиси истите формулации од документот кој кон заклучоците на Европскиот совет го придодаде Бугарија, а кои ЕУ најправо ги демантираше, но сега се гледа дека тие биле вистина. и со кој документ се согласија сите земји членки па го вклучија во финалната верзија на заклучоци.

Во тој документ стоеше дека Бугарија бара од сите земји членки на ЕУ во секоја комуникација со Македонија нашиот јазик да не го нарекуваат „македонски“, како и дека историските комисии мора да се одблокираат, а во спротивно Бугарија иако се согласува дека Македонија треба да почне преговори, ќе користи други механизми и ќе зазема различни ставови во текот на процесот.