Дневните бројки на заразени со корона-вирусот и натаму остануваат високи. Голем е бројот и на заболени кои имаат потешка слика и им е потребно болничко лекување.

Надлежните велат дека засега не се размислува за воведување нови рестриктивни мерки, иако не го исклучуваат како можност, но, се надеваат дека мерките што веќе се на сила ќе дадат резултат, апелирајќи на нивно доследно почитување. Се работи на зголемување на болничките капацитети кои ќе можат да им дадат помош на оние кои им е потребно болничко лекување. Дополнително и армијата отстапи свои санитетски возила за потребите на здравството за превоз на пациенти забилени од ковид-19.

Дали ќе има дополнителни рестриктивни мерки, комисијата ќе одлучува во понеделник , како што се целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд.