Владата ќе чека да заврши истрагата што ја покрена Основното јавно обвинителство за евентуални неправилности при увозот, дистрибуцијата и употребата на вакцината МРП, а потоа ќе одлучи дали ќе побара одговорност од министерот за здравство Венко Филипче.

Прво нека се изјасни Обвинителството. Не би можеле да прејудицираме. Станува збор за истрага која е отворена. Ќе видиме, нема заврши истрагата – изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање.

Претходно, Основното јавно обвинителство соопшти дека по допрен глас отвара предмет за евентуални неправилности со увозот, дистрибуцијата и употребата на вакцината за морбили.