Поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, во фејсбук објава вели дека вработените во Министерството за внатрешни работи заслужуваат подобри услови и почитување на нивните права, а тоа значи достоинствен живот.

Чулев денеска, кога се одбележува Европскиот ден за човекови права, напиша дека искуството во изминатиот период покажало дека човековите права грубо се кршат и злоупотребуваат.

Професионализмот во полицијата мора да се врати!, напиша Чулев воедно повикувајќи ги граѓаните на поддршка на протестот на полицискиот Синдикат кој ќе се одржи во вторник (27.10.2020 година)