Определбата на Владата е опфатот на деца во предучилишно образование од сегашните 30 отсто да се подигне на 50 отсто, соопшти министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа потенцира дека се правата напори да се инвестира во подобрувањето на инфраструктурата на постоечките и креирање нови сместувачки капацитети за прифаќање на децата од предучилишна возраст.

Со одлука на Владата и врз основа на склучениот договор со Светска Банка во наредните 4 години ќе инвестираме 16 милиони евра во зголемување на инфраструктурниот капацитет за сместување на деца со предучилишно образование. За 1,5 година, опфатот за сместување на деца го зголемивме за 1.300 и тоа навистина е голема инвестиција – информира Царовска.

Во рамки на тие активности, министерката беше дел од промоцијата на новата детска градинка во битолското село Кравари отвори нова детска градинка. Станува збор за нов објект во кој ќе бидат згрижени деца од две до 6-годишна возраст за целодневен престој. Градинката располага со две занимални, санитарна просторија за деца и кујна. За опремување на просторот МТСП издвои 696 илјади денари и обезбеди пет нови вработувања.

Општина Битола издвои еден милион денари за доопремување на три занимални и тој процес наскоро ќе биде завршен, најави градоначалничката Петровска на свеченоста во селото Кравари.