Бујар Османи: Од дијаспората попишани над 60.000 лица

15.03.2021 / 11:58


Попишувањето на дипломатијата завршува денеска, но продолжува за дијаспората. Бројот на наши попишани граѓани од дијаспората надмина 60 илјади. На прво место е Швајцарија со околу 16 илјади, што е една четвртина од очекуваните бројки, потоа следат Германија со 10 илјади, Италија со шест илјади, додека во Канада и Австралија имаме далеку послаби резултати, за што како одговорно Министерство преземаме дополнителни активности и повикуваме што поголем број да се охрабрат и одвојат неколку минути за овој процес, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Попишувањето на нашите дипломати и членови на конзуларни претставништва е успешно завршено денеска, а продолжува попишувањето на дијаспората, што ќе трае се до 22 април.

– Пописот е важна работа, а учеството на дијаспората значи правилно мапирање на дистрибуцијата на нашите граѓани во страство, што е важно за да имаме основа за носење развојни политики врз прецизни податоци, кои ќе бидат од директно значење за нашата дијаспора, изјави Османи.

Тој додаде дека активно работат на промоција и дисеминација на овој процес и нагласи дека работната група на МНР е во постојано заседавање. Активно се следи работата на ДКП, а телефонските линии се постојано отворени и се користат активно.

– Нашите амбасади и конзуларни претставништва интензивно работат со здруженијата на граѓани, асоцијации и верски здруженија. Целата мрежа е ставена во фокусот на овој процес, како нивни прв приоритет, изјави Османи.

Во рамки на своите дипломатски активности, Османи, посочи дека утре заминува за Швајцарија и потоа во Мадрид, каде ќе има средби и со дијаспората.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Mицкоски: Сè после Пржински договор е неправо

пред 15 часа
Македонија

Две години влада со инфраструктурен бум, нафтена и економска криза и спрвавување со последиците од она што го остави СДСМ

пред 16 часа
Македонија

Личност на неделата: Ќерка му ја шитна за остров, нас за лигњи

пред 19 часа
Македонија

Kај Филипче страста и мотивот биле за подобар живот за луѓето и иднина за државата

пред 20 часа
Македонија

Мицкоски за реконструкцијата : По две години се менуваат приоритетите кај коалиционите партнери, конечно сме консолидирани и подготвени да забрзаме

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: За жал се уште немаме владеење на правото, не сум задоволен од правосудството, очекувам расветлување на сите афери

пред 1 ден
Македонија

СДС из Врања: Oбвинителството стана „тужилаштво

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Соседна држава шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови

пред 2 дена
Македонија

Гаши: Собранието ја интензивира работата за навреме да се донесат реформските закони

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски му порача на Филипче: Признавам дека сум виновен, тоа што поминаа две години, а вие уште уживате на јахтите во Паљури, наместо на друго место

пред 2 дена
Jojobet Girişdeneme bonusuDeneme Bonusu Veren Sitelermeritkingbetparkbetpark girişGrandpashabetgrandpashabetGrandpashabetGrandpashabetGrandpashabetGrandpashabetcasibomjojobetgrandpashabetjojobet girişcasibomdeneme bonusu veren sitelerMariobetmadridbetMadridbetMadridbetgrandpashabetcasibomgrandpashabet girişJojobetcasibomcasibomultrabetgrandpashabetultrabetgrandpashabet girişcasibombetciograndpashabet girişcasibom girişgrandpashabet girişgrandpashabetgrandpashabetholiganbetBetpas