Бујар Османи: Од дијаспората попишани над 60.000 лица

15.03.2021 / 11:58


Попишувањето на дипломатијата завршува денеска, но продолжува за дијаспората. Бројот на наши попишани граѓани од дијаспората надмина 60 илјади. На прво место е Швајцарија со околу 16 илјади, што е една четвртина од очекуваните бројки, потоа следат Германија со 10 илјади, Италија со шест илјади, додека во Канада и Австралија имаме далеку послаби резултати, за што како одговорно Министерство преземаме дополнителни активности и повикуваме што поголем број да се охрабрат и одвојат неколку минути за овој процес, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Попишувањето на нашите дипломати и членови на конзуларни претставништва е успешно завршено денеска, а продолжува попишувањето на дијаспората, што ќе трае се до 22 април.

– Пописот е важна работа, а учеството на дијаспората значи правилно мапирање на дистрибуцијата на нашите граѓани во страство, што е важно за да имаме основа за носење развојни политики врз прецизни податоци, кои ќе бидат од директно значење за нашата дијаспора, изјави Османи.

Тој додаде дека активно работат на промоција и дисеминација на овој процес и нагласи дека работната група на МНР е во постојано заседавање. Активно се следи работата на ДКП, а телефонските линии се постојано отворени и се користат активно.

– Нашите амбасади и конзуларни претставништва интензивно работат со здруженијата на граѓани, асоцијации и верски здруженија. Целата мрежа е ставена во фокусот на овој процес, како нивни прв приоритет, изјави Османи.

Во рамки на своите дипломатски активности, Османи, посочи дека утре заминува за Швајцарија и потоа во Мадрид, каде ќе има средби и со дијаспората.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Во Прилеп пред 2000 години имало римска бања која функционирала како модерен спа-центар

пред 20 часа
Македонија

Во Србија преку Табановце ќе влегуваме со едно застанување

пред 2 дена
Македонија

Немажени и неженети спремете повеќе пари за даноци

пред 2 дена
Македонија

ЕУ го избугари извештајот на ЕП за Македонија

пред 3 дена
Македонија

Mицкоски потврди дека од извештајот на ЕП се избришани термините македонски јазик и иденттиет

пред 3 дена
Македонија

По тавче-гравчето на Кос и Европскиот парламент ќе го тргне македонкиот јазик и идентитет од извештајот?

пред 3 дена
Македонија

Дали апостол Павле ги напишал посланијата до Тимотеј и Тит?

пред 3 дена
Македонија

Зошто Заев и Филипче го пуштија низ вода Костадинов?

пред 3 дена
Македонија

Денеска е голем празник-Св.Наум Охридски

пред 3 дена
Македонија

Идентитетот не е сапун па да се потроши

пред 3 дена