Од бугарското министерство за надворешни работи, не коментираат, односно ниту потврдуваат ниту демантираат дека министерката Екатерина Захариева побарала од македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, Македонија и Бугарија да потпишат нов договор налик на преспанскиот со кој ќе се имплементираат барања на Софија за македонскиот идентитет.

Иван Димов советник во кабинетот на шефицата на бугарската дипломатија за телевизија „Алфа“ вели дека нема да ги коментираат изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека на средбата во Софија минатата недела од бугарска страна било побарано нивните ставови преку амандмани да станат дел од нашиот Устав.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ претходно го повика Османи да даде објаснување дали вакво нешто му било посочено на средбата во петокот.