Бугарскиот историчар Стефан Дечев во интервју за Дојче Веле објаснува зошто е песимист дека ќе се реши спорот меѓу Скопје и Софија и укажува дека во неговата земја се замолчуваат сите алтернативни гласови за историски прашања.

Уште откако започнаа разговорите за историјата во Мешовитата комисија, бугарската страна тргна од една погрешна позиција: дека целата вистина е на бугарска страна, а македонската страна речиси треба да ја препише бугарската историја до 1944 година. Од македонска страна имаше некаква надеж дека разговорите за историјата би можеле да поминат. И тоа, во крајна линија, доведе до бугарската Рамковна позиција, како и до видливата решителност на Софија да го искористи точно тој момент- првата меѓувладина конференција во декември и почетокот на преговорите со Северна Македонија- за да се обиде да наметне еден дневен ред кој целосно се приближува до бугарската гледна точка, вели Дечев.

Целото интервју овде.