Бугарија обезбеди околу 1,7 милиони евра неповратни средства за држави од Западниот Балкан, Источна Европа и од Кавказ за финансирање на проекти за развој на образованието, културата, социјалната интеграција и граѓанскиот сектор. Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да склучи соодветни договори за доделување на средствата, соопшти владината прес-служба.
Во Република Северна Македонија ќе бидат финансирани вкупно десет проекти меѓу кои проект за научни подводни и археолошки истражувања на Охридското Езеро во вредност од околу 24,5 илјди евра, проект за реконструкција на мостови во Струга и околината за што ќе бидат наменети 100.000 евра, како и проекти за подобрување на дијалогот меѓу медиумите од Република Северна Македонија и Република Бугарија, но и проекти за развој на културата, образованието и граѓанскиот сектор.
Comments are closed for this post.