Владата за време на молкот пред референдумското изјаснување на 30 септември ќе ги следи информациите што се пласираат на социјалните мрежи и доколку утврди дека тие претставуваат лажни информации и пропаганда, на своите официјалните комуникациски канали на социланите мрежи ќе соопшти дека се неточни со цел да спречи да влијаат манипулативно врз граѓаните.

Владиниот портпарол на денешната прес-конференција, укажа на искуството кое, како што рече, покажа, особено за време на јавната кампања, нагласено присуство и ширење на лажни вести, дезинформации и говор на омраза, како и креирање на вести врз основа на полуинформации, што, вели, претставува длабоко поткопување на демократските процеси во државата, ширење на дискриминација и омраза на штета токму на граѓаните, како и дискредитација на институциите.