Претседателот Ѓорге Иванов беше поканет на свечената церемонија на кревањето на знамето на НАТО пред Владата и преку курирска служба писмено и преку електронска пошта, изјави за Пресинг Тв, владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Од Владата најавуваат дека наскоро ќе ги објават поканите.

Изутринава пред почетокот на свечената церомонија Пресинг Тв побара одговор од кабинетот на шефот на државата дали врховниот комндант е поканет на настанот. Одговорот беше краток:

Не е поканет.

По изјавата на владиниот портпарол, од кабинетот на претседателот на државата се недостапни.