„Националната химна останува“, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Во однос на вчерашниот дочек на грчката делегација пред Владата и бројните реакции откако не беше интонирана химната тој вели:

„Ниту некогаш се разговарала истата да претрпи измени, ниту некогаш ќе се разговара. Химната останува текстуално и инструментално истата. Вчера поради доцнење на авионот на грчката делегација, беа изоставени сите свечени активности при дочекот кои вклучуваат гарда, поставување цвеќиња и интонирање на химната пред Владата. Беа изоставени изоставени овие активности, со цел да се добие на време бидејќи посетата беше работна и во текот на цел ден имаше премногу активности“.

Химната во ниту еден момент не била спорна, додава Бошњаковски.

„Препанскиот договор на ниту еден начин не рефлектира врз националната химна. Како за потврда во периодот по потпишување на Преспанскиот договор во повеќе различни прилики националната химна била интонирана пред повеќе грчки претставници“, истакна владиниот портпарол.