Автомобил „Пежо 206“ утрово падна во Охридското Езеро. Според првичните информации од полицијата повредени нема и нема елементи на казниво дело и најверојатно се работи за невнимание.

Неофицијално автомобилот кој бил управуван од охриѓанка, бил паркиран на кејот во лер, па по кратко време, возилото завршило во езерото.