Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во првите денови од изборната кампања во дел од спотовите на кандидатите за претседател што се емитуваат на телевизиите регистрирале учество на малолетници.

Оттаму потсетуваат дека согласно со член 76 од Изборниот законик, не е дозволено учество на малолетници во платено политичко рекламирање.

Во првите денови од изборната кампања, во дел од спотовите на кандидатите за Претседателските избори 2019 што се емитуваат на телевизисиките сервиси, е регистрирано учество на малолетници“, соопштуваат од АВМУ.

Изборната кампања за претседателските избори, за кои првиот круг ќе се одржи на 21 месецов, а вториот е планиран за 5 мај, почна пред три дена.