Обвинителката Вилма Рускоска денеска во судот за случајот „Рекет“, објасни дека Бојан Јовановски за три дена во Милано потрошил 148 илјади евра.

Шопингот кој Јовановски го направил во Милано се одвивал во периодот на 25, 26, 27 февруари 2019 година. Рускоска објасни дека во доказната постапка во судот се доставени оригиналните фискални сметки.