Се уште има бесплатни билети за учество на централниот настан од посетата на Папата Франциск, односно за литургијата на плоштадот „Македонија“ во Скопје што ќе се одржи на седми мај, соопшти Координативното тело за организирање на посетата на Папата на Македонија.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да присуствуваат на овој историски јавен настан можат да подигнат бесплатни билети и во текот на утрешниот ден, во перидот од 12 до 17.30 часот, на промотивниот штанд пред Спомен-куќата на Мајка Тереза на улицата „Македонија“ во Скопје – се вели во соопштението.