Осум нови пациенти заразени од морбили вчера била прегледани на Инфективната клиника во Скопје. Тројца од нив се хоспитализирани, а меѓу нив имало и едно 4 месечно бебе.

Моментално на оваа клиника од мали сипаници се лечат 37 пациенти. Во меѓувреме и на ниво на цела држава постојано расте бројот на заболени од морбили вкупно 1 285 случаи. Последниве седум дена Институтот за јавно здравје евидентираше 110 случаи на мали сипаници.

Според вакциналниот статус, 76,4% од регистрираните случаи се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.