Поранешниот заменик министер за образование Петар Атанасов за „Слободен печат“ изјави дека наставата во основните и средните училишта продуцира сè послаби кадри со сè помалку вредности.

Според Атанасов новата концепција за основното образование не е сеопфатна и оценува дека е грешка што се интегрира предметот „историја“ без да се консултира стручната фела, особено Катедрата за историја и тоа во период кога е чувствително прашањето за историјата.