Датумот кој што го предлага премиерот Зоран Заев во октомври наредна година е само доволен показател дека СДСМ и оваа влада тонат, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Во пресрет на вечерашната лидерска средба, премиерот Заев истакна дека пред се владата сака да го заокружи целиот мандат

Зоран Заев бега од избори. За нас е прифатлив датум уште утре да се распишат изборите. А,  еве можеби денеска ќе има време Зоран Заев да размисли и да му укаже на параламентарното мнозинство уште утре да распише избори. Прифатлив за нас е секој датум почнувајќи од утре“, вели Арсовски.

Предвремени парламентарни избори не значат наредната година во октомври бидејќи тогаш практично е редовниот рок, појасни тој.

Предвремени парламентарни избори значат многу порано. Што се однесува до нас како што реков ние сме подготвени уште утре да се распишат, но во интерес на средбата, бидејќи вечер ќе се разговара тоа прашање да ги видиме можеби и ставовите кои што ги менува секојдневно Зоран Заев. Можеби ќе се предомисли и за нив, и ќе предложи некој нов датум за предвремени парламентарни избори, многу порано бидејќи веќе и граѓаните и државата не можат да го издржат ова силување од страна на СДСМ. Така да почекаме до вечер, да видиме кои датуми ќе бидат споменати како можни од страна на Заев“, рече Арсовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат на вечерашната лидерска средба да се прифатат сите нивни забелешки, предлози за Законот за јавно обвинителство.

И очекуваме да бидат прифатени и очекуваме конечно во Република Македонија да биде донесен Закон преку кој што ќе завладее правото и правдата, и ќе биде во интерес на сите граѓани за конечно да прекине целата апатија што во моментов ни се случува. Гледаме дека судството не функционира, гледаме дека обвинителството не си ја врши работата како што треба, на нас единствено ни треба Закон во интерес на сите граѓани, а не Закон кој што треба подоцна да ги амнестира криминалиите на СДСМ“, рече Арсовски.