Портпарол на Владата, Душко Арсовски на денешната прес-конференција даде одговор за проблемот со кој се соочуваат пожарникарите и кое решение би било најсоодветно, затоа што тие не можат да си ги остварат своите финансиски права поради косењето на два закони.

Проблемот со пожарникарите се провлекува повеќе од 15 години и беше игнорирано, а на иницијатива на Министерството за одбрана почна да се решава, а тоа е зголемувањето на средствата кои од буџетот на Одбрана беа префрлени на општините во 2020, вкупно 51 милион денари повеќе од минатата година – рече портпаролот на Влада.

Тој додаде дека на седницата на Влада во септември е прифатен акцискиот план за воспоставување на принципот за воспоставување на национална децентрализација во против пожарната заштита со воведување на блок-дотација за секоја општина. Во акцискиот план е планирано да се направат измени и дополнувања во Законот за пожарникарство, а во процесот ќе бидат вклчени министерствата за финансии, за локална самоуправа, заедницата на единиците за локална самоуправа, Дирекцијата за заштита и спасување.

Од 2022 година од тоа што го имаме како информација треба да се премине од наменски блок на додатции кои ќе се трансферираат на општините, а разликата е во тоа што наменските дотации може да се користат само за плати и надоместоци на пожарникарите, а средствата од блок-дотации оптината може да ги користи за функцијата пожарникарство и првенствено треба да се исплатат платите и надоместоците на пожарникарите – вели Арсовски.

Портпаролот рече дека информацијата од Град Скопје е дека овие денови има интензивен контакт со пожарникарите, како и дека е тука Владата на некој начин да посредува и да се изнајде што поскоро решение за овој проблем.