Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со францускиот претседател Емануел Макрон, на која, како што информираше, се разговарало за состојбите во регионот, прашања значајни за иднината на граѓаните и европските перспективи.

Мицкоски средбата ја оцени како пријателска и срдечна, нагласувајќи дека Франција е една од највлијателните држави во Европа, поради што е важно да се водат отворени и директни разговори со јасно изразени очекувања.

„Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме врати и да обезбедиме поголемо разбирање и поддршка“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Тој порача дека Владата останува посветена на остварувањето на своите цели и на натамошниот напредок на државата.