Прислушкувањето во обвинителството  е повеќе од сериозен скандал и отвора многу прашања за интегритетот, независноста и правичноста на истрагите и пресудите изминативе 2 години откако СДСМ и Заев се на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Колку разговори се снимени овие две години и што се има на тие разговори ? Дали има индиции за криминали ли приватни разговори кои може да се употребат за уцена на Јавните обвинители при носење на нивните одлуки? Кој се имал контакт со овие разговори и зошто власта предводена од Заев и Спасовски две години не презел ништо во врска со скандалот на нелегално прислушкување?, прашува портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој прашува и кој и зошто ги прислушувал јавните обвинители и нивните приватни и деловни разговори и врз колку предмети влијаеле овие прислушувани разговори за да се завршат по нечија желба?

Исто така се уште не добивме одговор, дали се што се слуша и следи во моментов е нелегално и дали воопшто функционира системот за следење на комуникациите изминатиов период?, вели Арсовски.

Тој обвини дека секогаш кога нелегално се прислушува се вмешани кадри на СДСМ.

За овој огромен скандал некој од СДСМ мора да сноси одговорност уште веднаш! Ова јавно обвинителство после ваков скандал нема легитимитет!, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.