Кој прислушувал, кој се е прислушуван, за колку разговори станува збор, кој е одговорен за прислушувањето и кој дал наредба за прислушување, кој ги има нелегалните разговори и дали разговорите веќе ги имаат луѓе кои што ги користат за уцени и политички пазари за разно разни судски процеси?, прашаа и денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека ова се прашањата кои треба ЗЗаев и Спасовски да ги одговорат и тоа веднаш, а не да си ја префрлаат топката и да се кријат позади нивните паушални изјави.

Граѓаните немаат повеќе доверба во институциите кои што ги води СДСМ. Веднаш, ама уште веднаш, треба да се повлечат од функциите и Заев и Оливер и сите вмешани затоа што не можат да решаваат ваков случај со прислушување за кој тие самите директно се одговорни, вели  портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.