12-годишно дете од село Љуботен, скопско, се здобило со повреди од струен удар во моментот кога се обидувало да вклучи канделабар за улично осветлување, монтирана на дрвена бандера.

Несреќата се случила вчера околу 6:20 часот во селото, а по несреќата детето било префрлено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Како што известија од СВР Скопје, се преземаат мерки за расчистување на случајот.