Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ одново го повикаа премиерот Зоран Заев да одговори за, како што велат, скандалот со трите фирми кои што кланот Заеви ги отворил во еден стан во Петрич во соседна Република Бугарија.

Од партијата велат постои сомнеж дека овие фирми, или барем две од нив, се отворени со намена да учествуваат во работењето на рудникот Иловица во Струмичко. Бизнис кој како што кажа портпаролот Димче Арсовки, вреди најмалку 10 милиони евра годишно, за транспорт на рудата од Иловица во Бугарија каде што ќе се топи.

Ваквиот сомнеж, велат од партијата, го темелат на тоа дека Зоран Заев е главниот на кланот Заеви кој уште од периодот кога бил градоначалник овозможувал тендери за семејните фирми.