Министерството за образование и наука апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата за да го спречат ширењето на болеста.

-Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат, доколу сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата, соопшти МОН.

Министерството за образование и наука вчера информираше дека од почетокот на учебната година досега во изолација се вкупно 53 ученици и 8 наставници.

Оттаму убедуваат дека тие, заедно со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, ги преземаат сите мерки, препораки, протоколи, алгоритми и укажуваат на целосно нивно почитување од страна наставниците, учениците и родителите.