Антикорупциската комисија отвора случај за тоа како е купен паркинг-плац на атрактивна локација во центарот на Скопје кај хотелот „Холидеј Ин“.  Ќе истражува дали незаконско е окрупнувањето на земјиштето кај оваа локација, по што е извршена продажбата, како и дали се прекршени основните начела за заштита на животната средина со изградбата на предвидените висококатници.

Комисијата за спречување на корупција овој предмет го отвори самоиницијативно.

Две фирми пред повеќе од половина година ја купија атрактивната парцела од 9.000 м2 за сума од 312 евра по квадрат, на која е предвидено да никнат 60-катници.

Парите беа уплатени еден месец пред да дознае јавноста во државниот буџет, а се работи за 2,9 милиони евра.