Антикорупциската комисија отвара предмет за генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, потврдуваат од Комисијата за Пресинг Тв.

Предметот се отвара по допрен глас од медиумите и по сопствена иницијатива.

Антикорупционерите ќе ја проверуваат целата документација поврзана со постапката за тендерот и потпишувањето на договорот со италијанската фирма „Леонардо“ за набавка на радарски систем за потребите на М-НАВ.