Водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ покажува најновата анкета на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ова е пресврт кога станува збор јавното мислење на граѓаните кое го испитува оваа агенција.

ВМРО-ДПМНЕ за прв пат има изразена предност од речиси 1 процент откако на претходната анкета која беше спроведена во декември од МЦМС, две најголеми македонски партии беа скоро изедначени со блага предност на СДСМ.

Најновата анкета покажува дека 22,4% од македонските граѓани и даваат доверба на ВМРО-ДПМНЕ и даваат поддршка на партијата на прашањето „За која партија ќе гласате на локалните избори 2021“, додека за СДСМ се изјасниле 21,6%. За ДУИ се изјасниле 8%, за Алијанса 6,2% од граѓаните додека за Левица 5,2% од македонските граѓани.

Покрај предноста која ја даваат граѓаните на ВМРО-ДПМНЕ, претходно граѓаните се изјаснија дека потребни се предвремени парламентарни избори за излез од кризата, бидејќи оваа држава постои нестабилно владејачко мнозинство.

Високи 75,5% од вкупниот број на испитаници се согласиле дека во Македонија има политичка криза и власта нема стабилно политичко мнозинство, наспроти ниски 23,3% кои не се согласиле.

Затоа и не е изненадувачки одговорот за тоа кој е најдобриот начин да се надмине кризата, на кое 36% од граѓаните побарале предвремени парламентарни избори заедно со локалните како излез од кризата, наспроти 26,5% кои мислат дека владата може да се справи и 15,7% кои побарале широка коалиција.