Би било поцелисходно Никола Груевски да си дојде дома и да продискутираме ако има што да каже, вака денеска премиерот Зоран Заев ја прокоментира фејсбук-објавата на неговиот претходник од Будимпешта.

Заев нагласи дека Груевски има право да коментира како што мисли, но ако сака вистински да помогне,  многу поцелисходно би било тоа да го прави од тука.

-Груевски да си дојде дома, да продискутираме ако има што да каже. Се што почнала минатата Влада и што е добро, ние го продолживме. Сите можеме да помагаме, но највеќе ако сме дома. Денес е демократија, слобода. Може екс-премиерот да си коментира секојпат како што мисли, тоа е негово право, но било поцелисходно да дојде дома и тука да ги прокоментираме идните развојни можности на државата, подвлече Заев.

Според премиерот, се што почна минатата Влада и што е добро, сегашната го продолжи.

-„Скопје 2014“ не го продолживме, зашто не беше добар проект. Но, инвестирањето во патиштата, ТИРЗ-овите, привлекувањето странски инвестиции и нивната натамошна поддршка ги продолжуваме, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на американската компанија за производство на електронски компоненти „Кемет Електроникс