Ајде да се соочиме: Петков е апсолутно неподготвен, не ја разбира темата, очајнички е површен и е подготвен да изврши национално предавство.

Ова за агенцијата БГНЕС го изјави европратеникот Андреј Ковачев, по последната изјава на премиерот Кирил Петков за односите меѓу Бугарија и Рс.Македонија.

Вчера Петков изјави:

– Сакам да испратам јасна порака до сите Бугари и луѓе во С.Македонија-со Ковачевски работиме многу координирано, со многу фиксирани рокови. Си поставивме неколку етапни цели, што треба да бидат постигнати. РСМ има место во европското семјетсво, колку што е можно побргу. Нашата влада е ангажирана да го постигне тој резултат, колку што е можно поекспедитивно. Има неколку етапни цели, што треба да ги расчистиме, вклучувајќи ја и заштитата на малцинствата.

Ковачев, пак, прашува и подвлекува:

-За каква експедитивност од бугарска страна говори Петков? За какви малцинства говори тој човек? Какви меморандуми ќе потпишува? Каков напредок има историската комисија? Министерството за надворешни работи учествува ли во преговорите или е изолирано? Кој воопшто „преговара“? Само празни приказни, но тој човек може да и направи огромна штета на нашата Татковина за многу долго време! Категорично не треба да го дозволиме тоа предавство!

Според европратеникот, „во Скопје станале ужасно дрски, зашто Петков ги уверил дека тој ќе ги пушти“!