Алијанса за Албанците на Зијадин Села е подготвена да го поддржи кандидатот на Беса во Тетово, Биљал Касами, кој оди во втор круг со кандидатката на ДУИ, Теута Арифи, но не и Алтернатива.

На синоќешната дебатна емисија Клик плус на ТВ21 Елми Азири од Алијанса за Албанците како претставник на коалицијата Алијанса и Алтернатива рече дека коалицијата ќе го поддржи Касами порад една причина – дека е крајно време да падне ДУИ.

Наредните денови очекуваме да имаме преговори со Беса. Да видиме, можно е да дојдеме до некоја соработка. Важно е да падне ДУИ и Теута Арифи, која заслужува нула гласови затоа што ништо не сработи за Тетово, рече Азири.

Но по емисијата Алтернатива преку портпаролот Орхан Муртезани информира дека неговата апртија сепак нема да го поддржи Касами.

Почитувани, Алтернатива нема да го поддржи Биљал Касами во Тетово.

Во првиот круг, според официјалните податоци од ДИК, Арифи освои 11.138 гласа, а Касами освои 10.496 гласа. Кандидатот на Алијанса за Албанците Вулнет Мурсели освои 6.165 гласа, кандидатот на ДПА Сади Беџети освои 3.840 гласа, кандидатот на СДСМ Хамдија Елезовиќ освои 2.373 гласа, додека Снежана Стојановска од Интегра освои 1.989.