Ако некои политички партии ги повикаат граѓаните на бојкот, тогаш попис нема да има. Директорот на заводот за статистика Апостол Симовски се надева дека пописот ќе успее.

Било кој бојкот ќе значи немање на попис, да се разбереме и последната работа што било кој ја посакува овде во заводот е да се случи такво нешто. Се надевам дека ќе сфатат сите политички субјекти дека овој закон е најмалку во допир со политиката и дека овој закон е исклучително професионален, вели директорот..

Од заводот информираат дека триесетина граѓани одбиле да се попишат на пробниот попис кој заврши денеска.

Предлог – законот за попис е заглавен во собраниска процедура. ВМРО-ДПМНЕ смета дека најголемата статистичка операција би се спровела без почитување на праксата на Евростат. Партијата бара да се направи пописот без одлагање а во него да биде вклучен механизам за контрола на постојано место на живеење и престој во државата, како и гаранции за автентичност на лични податоци и биометриска потврда на идентитетот на лицата.

Последен пат попис во Македонија имаше во 2002 година.