Првиот човек на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети од Слупчане истакна дека споменикот на УЧК, ги обединува народите од Cеверна Македонија.
Ахмети истакна декаУ ЧК е составен дел од историјата на Cеверна Македонија, преку која е постигнат Охридскиот договор, кој потоа доведе до Договорот од Преспа, кој го обезбеди членството на земјата во НАТО.
„Овој споменик не не дели, овој споменик не обединува. УЧК е дел од нераскинливата историја на оваа земја. Не може да има историја оваа земја без УЧК, не може да има иднина оваа земја без најголемото достигнување, Охридскиот мировен договор е резултат на оваа армија, иднината на оваа земја е Договорот од Преспа, договор кој не направи членка на НАТО“, изјави Ахмети.
Comments are closed for this post.