На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава вкупно се лекуваат 589 пациенти со компликации од ковид-19 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 29 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Тоа е два и пол пати повеќе од вчера, кога во едно деноноќие во болница беа примени 11 лица.

Со ова, вкупно 255 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, речиси половина од вкупно хоспитализираните во цела држава (589).

Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот.

Врз основа на извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, во Штип 41 пациент, на  инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес 27, а во Куманово 45 пациенти.

Во ковид-центарот во Охрид има 50 пациенти, во Прилеп 18, во ковид-центарот во Гостивар 15, а во Струга 19.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациенти, во Кочани 3, во Кичево 8, Кавадарци 18, во Гевгелија 8 лица, а во Дебар 13.