Граѓаните се навистина загрижени за сето она што се случува, има огромен отпор кон договорот со Грција, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Граѓаните, пред се етничките Македонци не го прифаќаат, се против преименувањето и промената на Уставот, како и  промената на националниот идентитет на Македонците, истакна Николовски, кој денескља со уште неколку членови од ИК на партијата ј апосетија скопската општина Кисела Вода.

На 10-тина дена до референдумот владата не ги објавува уставните амандмани затоа што клучниот дел од договорот е промена на Уставот, промена на Преамбулата, на членовите 3 и 49 како и промена секаде онаму каде што пишува Република Македонија во Република Северна Македонија, изјави Николовски.

Праша зошто владата не ги објави амандманите и која е целта на не објавување на амандманите?

Образложението дека ќе сработат по одржување на референдумот не држи, образложението дека треба време исто така не држи затоа што се работи за едноставни кратки амандмани. Можеби држи она што го кажа премиерот Заев а тоа е дека граѓаните ќе се уплашат доколку ги видат амандманите, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.