Членови на СДСМ на социјалните мрежи реагираат дека од нивната партија се приморани да одат во Крушево и да му дадат поддршка на лидерот Димитар Ковачевски. Актуелниот премиер годинава ќе биде на Мечкин Камен на централната прослава. Но, се уште не е прецизирано дали тој ќе одржи говор или пак како претседателот Стево Пендаровски и тој ќе нема да се обрати на народот.

Но, со оглед на расположението кое владее кај граѓаните по Договорот со Бугарија и уцените кои власта ги прифати за да почне преговори, речиси никој од членството на СДСМ не сака да оди во Крушево.

За да не биде Ковачевски сам на Гумеење, СДСМ прави притисок кај своите членови да дојдат во Крушево со обезбеден превоз.

Но, интересот е слаб па затоа им се прави притисок дека ако не се појават партијата нема да им помогне за она што се најмногу заинтересирани, а тоа е вработувањата за нив и за нивните семејства.

Дел од членството пак е револтирано што централата заборавила за нив и дека сега ги бараат за славање и за му го „држат стравот“ на Ковачевски.

Што сме ние компири за ставање во вреќа. Каде ви се ликовите со по три до пет вработени по фамилија?. Каде ви се директорите со дебели газови што јадат шкампи по елитни ресторани додека дел од членството нема пари да си плати кафе?-прашуваат незадоволните членови на СДСМ.