Милојко Божиќ (74) од Пилатовиќ и Милијаниа Богдановиќ (21) од Лучани последниве денови се најзанимливиот љубовен пар во Србија. Разликата од 53 години ним нималку не им смета, иако се чудат сите околу нив.
Последниве денови парот е во потрага за венчанца, а додека шетаат низ улиците на Пожега, неретко слушаат лоши коментари, но ним тоа не им смета, пишува српски Курир.
Кога Милијана се родила, Милојко веќе завршил со неговиот работен век во Белград и се преселил во родното место како би уживал во пензионерските денови.
Свадбата е закажана за 7 септември и ние едвај чекаме кога нашата љубов ќе ја крунисаме со брак. Прво ме привлече неговиот физички изглед. Не сакам млади момчиња, постарите ми се допаѓале од секогаш. За своите години, реално одлично изгледа. Не ме интересира кој што мисли и зборува“, изјавила Милијана за порталот Рина.
Таа додава дека свршеникот го познава уште од мала, од неполни 18 години и дека пред да ја побара за жена во врска биле околу една година. Сакаат деца, но се уште не се договориле колку.
Повеќето мислат дека сум со него од интерес, но се е најнормално. Немаме проблем ни да кажеме дека неговите вкупни примања се 50 илјади динари. Ние двајца живееме во нашата дрвена палата, а на пролет ќе започнеме со реновирање на куќата која Милојко одамна ја изградил, но е сосема нормална, нама никаков луксуз“, тврди младата девојка.
Миланија додава дека сака и таа да придонесе во семејниот буџет. Завршила четири годишно школо, техничар за заштита на животната средина, но вели не бара работа по струка. Не се срами од работа, би работела во бутик или кафетерија, изјавува таа, додека Милојко додава дека го привлекла нејзината добрина и убавина.
Comments are closed for this post.